4.8 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025
spot_img

Карминот го открива карактерот на жената

Изборот на кармин може да открие многу работи-  вашите слабости и тајни, што сакате да истакнете, што да сокриете…

Светло розова

Сте го зачувале детето во себе. Во однос со луѓето сте срамежливи а во однос кон животот- тивки и скромни.  Не сакате да сте во центарот на вниманието. Мажите ве сакаат бидејќи делувате незаштитено и нежно.

Силно розово

Без оглед кои се нијансите, тој кармин покажува дека имате желба да бидете забележани.  Несигурни сте, но не сакате да го признаете, затоа и карминот е вашата маска.

Црвено

Огнените усни се секси.  Жените кои ја сакаат оваа боја се социјално освестени, борбени, готови да го направат своето. И велат, многу се темпераментни во кревет.

Темно црвена

И оваа боја е секси, но покажува повеќе зрелост и став. Оваа жена знае што сака и како да го постигне тоа. Таа е сигурна во себе, има здрави навики и води здрав начин на живот.

Корал

Нежна и женска боја. Овие персони имаат смисла за хумор, се забавуваат и се опкружени со многу луѓе.  Тоа не значи дека се површни и лесни.  Напротив, кога го даваат своето срце, тоа е засекогаш.

Портокалово

Дрска и жена подготвена да ги превземе сите ризици.  Не ги сакаат мрачните луѓе и не се чувствуваат добро во нивната околина.

Кафеава

Умни и најсамоуверени од сите спомнати карактери.  Знаат колку вредат, сакаат директен контакт и ги мразат советите.

Виолетова

Ова е боја на мистериозни жени: повеќе кријат отколку што откриваат.  Тие можат д бидат слатки, забавни, драматични и провокативни. Зависи која улога ќе ја изберат.

Сина

Изгледа ексцентрично, но има жени во зрели години кои ја сакаат оваа боја.  Тоа значи тежок карактер, силна и студена жена.

Црна

Боја на „вештерки“.  Не сакаат да живеат по правила, освен ако самите ги создадат. Чувствителни и креативни. Големи иноватори се овие „вештерки“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена