34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

„Карпошово лето“- Журка со домашни изведувачи

Од утре до недела Општина Карпош, по единсесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација  „Карпошово лето“, кое ќе се одржи на  платото во ТЦ „Лептокарија“. И годинава  граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации, а овој пат простор им се дава само на домашните изведувачи.

Игор Џамбазов и Гуру Харе

Манифестацијата почнува в петок со настап на  на децата учесници на детскиот фестивал  „Златно славејче“, потоа настап на Дарио,  па настап на групата „Нон Стоп“ и за крај Кристина Арнаудова.
В сабота забавата ја отвораат најмладите со фамилијата на Петко 5+, по нив е Гуру Харе и пријателите и Игор Џамбазов,  па Дани, Тања Тас, Дамир Имери – клавијатура, Трајче Велков – труба.

Недела прв е настапот  на фолклорно студио „Етнос“, потоа е настапот на, „Чалгија саунд систем“ и за крај  Златко Ориѓански и Бени Шаќири.

Тридневната културна манифестација ќе ја води познатиот актер, Сашко Коцев а  карпошани ќе може да уживаат во звуците на македонската поп и рок музика, етно мелосот, како и во програмата наменета за најмладите генерации.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена