Карфиол за сите видови канцер

Карфиолот има антиканцерогено дејство – хемикалиите што се наоѓаат во него, во брокулата и во зелката може да ја зголемат способноста за обнова на ДНК-структурата во клетките и да спречат тие да станат канцерогени. Ова се вели во една студија што ја изготвија експерти од Универзитетот Џорџтаун.
Освен тоа, карфиолот има многу витамин Ц: во 100 г има дури 80 отсто од потребната дневна доза. Кога на ова ќе се додаде големата количина фолна киселина (витамин Б), карфиолот е продукт за кој слободно може да се каже дека дејствува превентивно против срцеви заболувања, помагајќи да се намали нивото на хомоцистеин во крвта. Дејствува превентивно и кај ревматските заболувања и кај развој на мултиплекс склероза.
Карфиолот е добар извор и на витамин К, неопходен за метаболизмот на калциумот. Богат е и со калиум, фосфор и сулфур. Може да се консумира свеж, во салата (така максимално се чува витаминот Ц), а ако го варите, најдобро е кратко варење на пареа, која во најголема мера ги чува корисните материи.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени