Потребно е: 400 г мелено месо, 1 главица карфиол, 1 главица брокула, 1 компир, 2 моркова, 2 лажици мелени ореви, 2 чешниња лук, 4 лажици лебни трошки, 1 кромид, 2 јајца, 150 мл млеко, 2 лажици павлака, сол, црн пипер, 2 домати, 100 г изрендан кашкавал и магдонос.
Обарениот карфиол ставете го во ладна вода, испржете кромид, потоа и месото. Додадете рендан морков, рендан компир и продолжете да пржите. На крај, ставете сечкан магдонос, сол, куркума, црн пипер, лук, мелени ореви, лебни трошки, се` добро промешајте и тргнете настрана.
Во огноотпорна тава ставете го карфиолот и брокулата а врз тоа истурете го филот со меленото месо. Посипете со филот од двете јајца, млекото и павлаката, наросете кашкавал и вака подготвената тава ставете ја да се пече на 220 Ц степени.
I Breathe I’m Hungry