Качамак со пилешки џигер
Потребно е: половина кутија палента, 500 г пилешки џигер, главичка кромид, 2 лажици масло или путер, шолја кисела павлаката, малку сол, црн пипер и ливчиња магдонос
Се вари палентата, според упатството на кутијата. Се сецка кромидот и се динста додека не омекне, па потоа се додава џигерот и се пржи. Пржениот џигер се трга од огнот, се прелева со кисела павлака, се посолува според вкус и се зачинува со црн пипер и исецкан магдонос. Во чинијата за служење се става врелата палента, а одозгора се прелева со џигерот и сокот и веднаш се служи.
фото- tarifler