Кендал Џенер (22) на Њујоршката модна недела годинава не одеше по писта, но присуствуваше на сите забави со фустан, каде повторно го привлече вниманието. На ревијата пред неколку дена се појавила во долг проѕирен фустан. Таа повторно ги покажала брадавиците, и како што веќе признала, тие се нејзиниот фетиш, а фановите сметаат дека покажувањето на брадавиците ќе стане нејзин заштитен знак.
Џенер сака да ги истакнува своите гради во прв план. И на филмскиот фестивал во Кан, дојде во проѕирен фустан и без градник. Таквиот фустан ништо не сокри и сите ги видоа нејзините гради и гаќички, а дури мислеа и дека е сосема гола под фустанот.
Таа уште пред две години изјави дека е среќна што јавно ги покажува градите и дека тоа ја забавува.
– Кога првпат требаше да прошетам по писта со голи гради не ми беше срам. Бев многу возбудена. Чудна сум, но сакам кога јавно градите ми се голи. Тоа веројатно е мојот фетиш “, изјавила Џенер сеќавајќи се на нејзината ревија за „ Марк Џејкобс “во 2014 година, кога имала само 18 години.
Извор: avaz.ba