Легендарната рок-група „Кис“ оди на проштална светска турнеја во јануари. Рок- ветераните изјавија дека сакаат да ја напуштат сцената во иста форма со која 45 години ја „растресуваа“ публиката.
Турнејата ќе започне на 31 јануари во канадскиот град Ванкувер и се очекува да трае, ни помалку ни повеќе- две, три години.
„Кис“, чив знак на препознавање е шминката, бујната коса и костими, е еден од најпопуларните рок бендови на 70-тите. Имаат над 100 милиони продадени албуми.
Најпознатите хитови на групата се „I Was Made For Lovin ‘You“, „Rock and Roll All Nite“ и „I love It Loud“.
фото- br.pinterest.com