34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Клаудија Кардинале на „Браќа Манаки“ во Битола

Светски познатата актерка со италијанско потекло,  Клаудија Кардинале  ќе биде дел од годинашното  39 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Таа ќе биде дел од свеченото отварање и лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Фото: kurir.rs

Кардинале  зад себе има над 175 улоги во филмови, телевизиски серии и краткометражни филмови, филмски партнери и биле  Марчело Мастројани, Берт Ланкестер, Ален Делон а беше прогласена за една од најубавите 50 жени во филмската историја. Има освоено над 35 награди и признанија. Од  ИФФК „Браќа Манаки“  велат дека во натпреварувачкиот дел  годинава ќе оценува стручно жири предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена