2.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025
spot_img

„Клеопатра“ на 14 и 17 ноември во МОБ

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика, ќе биде изведен во МОБ, на 14 и 17 ноември, од 20 часот. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во другите театари низ светот и да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.
За „Клеопатра“ специјално компонирана музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.
Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави