Во сабота во 19 часот Клиниката за кардиологија во Скопје ќе светне во црвено. Два часа зградата на Клиниката ќе свети со црвено светло и ќе се повика на подобра превенција на срцевите ризик фактори и подобрување на здравите животни навики. Целта на ова е подигнување на јавната свест за болестите на срцето, како главен причинител за смртност, да се подигне нивото на здрави животни навики, како физичка активност, намалено внесување на сол во исхраната, намалување на телесната тежина и др.
Ќе се обратат директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија др. Жан Зимбаков и Министерот за здравство др. Венко Филипче.
В сабота под покровителство на Светска Здравствена Организација (СЗО), во цел свет се одбележува Светскиот Ден на Срцето. Оваа година мотото е : И моето срце, и твоето срце. На тој ден, и целата недела потоа, низ целиот свет се организираат различни кампањи, промоции, активности, со цел да се привлече вниманието кон одредена срцева болест, зависно кое е мотото таа година.