8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Кога имате чувство на помала вредност

Сите сме се нашле во таква ситуација: имаме лош ден и моменти на сомнеж во себе си. Понекогаш притисокот доаѓа од познаниците, пријателите, семејството, работата, друштвото… Ако немаме „вистинска“ работа, „вистински“ односи или начин на живот, во одредени години или едноставно после извесно време почнуваме да размислуваме дека не сме доволно добри.
Што може да направиме во врска со тоа? Во продолжение ви нудиме мали потсетници за моментите кога доживувате чувство на помала вредност.

1.Никој освен вас не може да биде подобар за вас
Вие одите по својот пат. Понекогаш причината за нашата несигурност е споредувањето на нашите околности со нечиј јавен живот. Заборавете што прават и постигнуваат другите. Вашиот живот ви носи ваши ситуации и предизвици кои ги надминувате самите за да го живеете вашиот живот.
2.Онаму каде што се наоѓате сега е точно местото каде што треба да бидете
Понекогаш одбегнуваме да го искусиме токму она што треба, затоа што веруваме дека не треба да бидеме таму. Но вистината е дека каде и да сме, токму таму и треба да бидеме и тоа ќе не одведе онаму каде што утре сакаме да бидеме.
3. Секој ден носи избор: или ќе го развивате стресот или мирот
Ако изберете да се чувствувате бедно, ќе најдете многу причини за стрес. Ако изберете да бидете мирни, ќе најдете многу причини да бидете мирни. Размислете дали сте веќе вешти во развивање на чувството на беда. Со истите вештини може да се инспирирате и да бидете исполнети со мир. Направете го тоа.

4.Секогаш може да направите нешто, барем малку
Не постои ништо во сегашната ситуација што ве спречува да се движите напред, чекор по чекор. Сетете се, визија без делување е сон. Визијата мора да биде поврзана со дејство. Не е доволно да ги гледате скалите, треба да почнете да се качувате по нив. И се што треба да направите е да одите скала по скала. Понекогаш и најмалиот чекор во вистинска насока станува најголем чекор во вашиот живот. Ако треба, направете го и на врвот на прстите, но само направете го.
5. Неуспесите се во суштина само лекции кои треба да ги научиме
Ниту еден ден не е изгубен кога го живеете со цел и внимание. Вреднувајте го и уживајте во своето патување, дури и кога наидувате на заобиколен пат.
6. Тоа што би можело да се случи, може да ве запре само ако дозволите
Тргнете напред и искористете ја енергијата и интелегенцијата за решавање на она што е пред вас, а не грижете се многу за тоа што би можело да се случи во иднина.

7. Не ви треба ничија дозвола
Престанете да слушате што ви зборува светот, почнете да се слушате самите себе. Ако размислите, има малку луѓе на овој свет кои целосно стојат зад вас и вие треба да бидете еден од нив.
8. Она што ќе го постигнете, зависи од тоа колку го сакате
Она што многу ви значи, тоа и можете да го направите. Кога сте желни, посветени на тоа и упорни, секој пат и ќе го остварите. Успехот не е нешто магично или мистично. Успехот е природен резултат на постојан труд.
9. Мора да поработите и на себе
Самопочитување, чувство на вредност… сето тоа се однесува на вас.Засакајте се. На крајот, вашата одговорност е да ја видите вашата вредност. И таа одговорност спрема себе си, значи да одбиете другите да размислуваат за вас, да зборуваат за вас и да одлучуваат во вашето име. Научете да го користите вашиот мозок и интуиција, за да остварите нешто. Затоа, фатете се за работа.
10.Вашите лузни се вашата сила
Никогаш не се срамете од лузните кои ви ги оставил животот. Лузната значи крај на страдањето и зарасната рана. Тоа значи дека сте ја надминале болката, сте ја научиле лекцијата, сте станале посилни и сте тргнале напред. Лузната е како тетоважа на победата. Не дозволувајте лузните да ве држат како киднапирани. Немојте да живеете во страв. Не може да ги избришете лузните од вашиот живот, но можете да го промените начинот на гледање на нив. Почнете да ги гледате како знаци на сила и издржливост.
фото- pexsels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена