Кога љубовниците се и пријатели: идеална комбинација

Идеалниот љубовник, по дефиниција, мора да задоволува во сексот, но и во другите животни аспекти. Со оглед на тоа дека секому му одговара нешто поинакво и дека во тој контекст сите сме различни, не постои еден тип на љубовник. Какви видови љубовници постојат и кои врски се најдолготрајни?

Пријател и љубовник
Во љубовта ви е важно пријателството. Затоа својата партнерка ја прифаќате како најдобра пријателка и уживате во нејзино друштво. Во односот преовладува посветеноста и довербата, тие се развиваат постепено, без поголеми падови и подеми и без сексуална опсесија.

Зависен и посесивен љубовник
Зависни сте од својата партнерка, многу повеќе отколку сте свесни. Имате желба да владеете и да имате контрола над неа. Кога ќе се смени вашиот однос, се чувствувате како да сте скршени или можеби се разболувате. Правите најразлични глупости само за да го привлечете нејзиното внимание.

Љубовник алтруист
Од голема важност е да ја правите среќна својата партнерка. Кога ќе се појават проблеми во односите, веднаш им приоѓате и пробувате да ги решите и да ги надминете. Карактеристични за вашата врска се посветеноста, пожртвуваноста и нежноста. Во љубовта само давате, а ништо не очекувате за возврат!

Романтично- еротски љубовник
Опседнати сте со личноста во која сте вљубени и постојано мислите само на неа. Ве привлекува сексуално, љубоморни сте, премногу дозволувате и постојано барате докази дека ве сака. Ваквата љубов обично, трае неколку месеци, додека постои страст.

Практичен љубовник
Имате логичен и практичен пристап кон партнерката што ја љубите, а воедно на истиот начин ја изразувате и својата љубов. Внимателно и разумно ја барате „вистинската личност“ за себе. Барате некој со заеднички интереси, сличен степен на образование, еднакви ставови врзани за верата, а мора да одговараат и вредностите и животните цели.

Љубовник актер
Во љубовниот однос се фокусирате само на себеси, ставајќи ги на прво место сопствените задоволства и утехи. Не сте доволно зрели, брзи и сигурни. Недостигот на доверба ја „купувате“ со флертување, заведување и освојување. Обично, јасно претставувате или покажувате дека не се впуштате во сериозна и долготрајна врска.

НАЈДОБАР МЕЃУСЕБЕН ОДНОС
Најуспешни се односите на двајцата пријатели- љубовници. Добро се сложуваат и практичните љубовници или комбинација од пријател и практичен љубовник.
Што е со другите комбинации?
Романтичен и пријател љубовник: двајцата различно ја изразуваат љубовта, што создава тешкотии и недоразбирања. Едниот сака романтично додворување и страсно бакнување, додека пријателскиот тип преферира тивка, неамбициозна вечер.
Комбинација од двајца романтични љубовници: Звучи возбудливо, но, сепак, меѓусебниот договор не е на завидно ниво. По три или четири години, кога сексуалната привлечност и возбудувањата ќе почнат да се изладуваат, тие стануваат незадоволни. Ова не е правило! Со малку инвентивност која ќе го распламна стариот оган, можете да извлечете максимум!
Опседнат и пријател- љубовник: Ова е судир помеѓу два сосема спротивни стила на љубов, а колку ќе трае, најмногу зависи од сексуалната привлечност.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!