Кои растенија носат среќа во домот
Според Фенг Шуи постојат собни растенија кои ќе внесат позитивна енергија во вашиот животен простор. Фенг Шуи ги преферира растенијата кои имаат тркалезен облик, бидејќи животната енергија се развива во циклуси или кругови кои најдобро функционираат.
За почеток е важно да го отфрлите од вашиот дом сето вештачко или пластично цвеќе со што на старт отворате простор за новитети. Колку повеќе такво цвеќе чувате дома, толку станувате понегативни и кон себе и кон околината.
Во вазната држете исклучиво свежо цвеќе и тоа на средина од просторијата, односно на средина од масата. Тоа има за цел да ги впие различните ароми и токсини. Секојдневно менувајте му вода и собирајте ги сувите листови, со цел што подолго да трае.
Единствен исклучок од ова правило е мизризливата лаванда, која може да стои во просторијата и доколку е исушена. Лавандата освен што е симбол на мирот и опуштеноста, по миризба делува позитивно и кај сите присутни во домот.
Според Фенг Шуи позитивната енергија во вашиот дом ќе ја пренесат и сите растенија кои имаат меснати листови. Тука влегуваат аглаонемата, кротонот, ехеверијата, дифенбахијата и темјанушката. Нивните листови се тркалезни и затоа се смета дека носат среќа.
Иако бамбусот не е типично украсно растение за нашето поднебје, претставува одличен избор за домашната кујна или тоалет, бидејќи за раст му е потребна голема влага. За да го засадите потребно е да имате ситен камен или земја која постојано ќе ја натопувате со вода.
Палмите се високи растенија и затоа се подложни за големите простории или ходниците. Палмите не ја сакаат сушата, ниту влагата, затоа нив треба да ги залевате умерено.
Ползавецот нема тркалезни листови, но поради својата интересна грбава насока на растење може да биде совршен украс на вашиот мебел, полици или прозорец. Доколку правилно го негувате, тогаш за кратко време многу ќе се развие.
Наместо ползавец можете да употребите и висечки кошници. Во нив ќе ги ставите овалните листови кои исто така ќе го укарсуваат вашиот дом.
Најлош избор од сите растенија се кактусите. Велат дека луѓето кои имаат строг карактер сакаат да бидат опкружени со кактуси или други бодликави растенија.