Чинкве Тере – Италија
Бисерот на Италијанската ривиера не е град, сам по себе, туку збирка од пет поморски села кои заедно се прогласени како Светско наследство на УНЕСКО. Чинкве Тере во Италија ги опфаќа селата Монтеросо Ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре, сите сместени високо над тивкиот Медитеран. Тие села се искачуваат по планинскиот терен со светли, променливи бои, како да биле исцртани на местото со пастелни бои од сонувачки уметник. Секое тивко рибарско село топло ги прифаќа патниците, често дел од познатите личности од прва класа во светот. Со поглед кон галеријата надолу, лесно може да се разбере зошто сите би сакале да избегаат во парче од рајот како што е ова.
Сент Џонс – Њуфаундленд – Канада
Градот Сент Џонс на островот Њуфаундленд веројатно е најколоритниот град на Канада, карактеристика што е спротивна на неговата инаку студена клима. Сент Џонс, културниот скапоцен камен на провинцијата, има многу музеи, уметнички галерии и урбани паркови ширум неговите ридско- крајбрежни средини. Во модерните делови на градот, ниските згради се насликани во живописен спектар на бои, визуелен квалитет што е забележлив дури и од бродовите кои поминуваат. Кога станува збор за боите, нема ништо здодевно околу ова селце на најисточната точка на Северна Америка.
Сан Франциско – Калифорнија
И покрај неговата позиција како најкултурно-прогресивен град во САД, во Сан Франциско има уште едно виножито од светли бои. Овој густо населен полуостровски град е дом на колоритен архитектонски идентитет, што се одразува во различно насликана форма која се менува од врата до врата. „Пеинтед лејдис“, ред куќи во квартот Лоуер хејгт на Сан Франциско, се едно од најпрепознатливите дела со бои во градот, но светли нијанси можат да се најдат насекаде низ градот.
Валпараисо – Чиле
Валпараисо, Чиле е наречен „Саканата на океанот“, „Скапоцениот камен на Пацификот“ и град што „оди во рајот“ – и, исто така, е културна престолнина на оваа географски тесна нација. Градот е покриен со боја од една до друга граница, карактеристика која ги шармира Чилеанците и странците со генерации. Градот Валпараисо се искачува од брегот на Пацификот во планините нагоре, покривајќи ги ридовите со глетка што е богата како и личностите во него. Неговата култура, неговата боја и неговиот прогресивен дух му донесе друг прекар што му обезбеди место на оваа листа – Сан Франциско на Југот.

Гванахуато – Мексико
Сребрениот град Гванахуато е најшарен во цело Мексико, познат по неговото културно и минерално значење во колонијалниот период и пошироко. За 250 години, рудниците за сребро на Гванахуато беа најпродуктивни во светот, обезбедувајќи 30 отсто од среброто во светот. Градот никна околу тие рудници додека се истражуваа, а архитектурата од колонијалната ера е доказ за тој градежен бум. Сепак, духот на Гванахуато се одразува во бојата на тие згради, различни низ целиот спектар, од едниот крај на градот до другиот. Како и другите на оваа листа, колоритниот град Гванахуато, исто така, сега е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО.
Вроцлав – Полска
И покрај неговаото бурно минато, градот Вроцлав, Полска одамна ја прифати бојата како дел од неговиот културен идентитет. Додека Европа војуваше наоколу, Вроцлав беше град на Германија, Прусија, Австрија и конечно Полска, каде што сега е четврт најголем град. Зградите во центарот на градот се богати со бои, напредувајќи од земјени до пастелни тонови на многу стар начин. Таа колоритност на класичната архитектура го прави еден од најживописните градови во Европа, и со тоа отскокнува од останатите на оваа листа. Иако Вроцлав варира во бојата, има најсуптилен а сепак ефективен начин на комуникација со своите посетители. Иако некои градови се над врвот, нешто во врска со Вроцлав погодува „токму тука“.
Фавела – Рио де Жанеиро – Бразил
Фавели (или сиромашни градови) на Рио де Жанеиро можат да бидат тешки и опасни за оние кои ги нарекуваат дом. Над 11 милиони Бразилци живеат во фавели како оние во Рио, каде што не се загарантирани градска канализација, вода за пиење, па дури и полициски пристап. Ако можете да ги гледате од далеку, се забележува чудна убавина во нивната природа, што ја препознаа холандските уметници Јероен Колхас и Дре Урхан. Колхас и Урхан ги посетија фавелите во Рио за да работат со локалните жители и да создадат прекрасни дела на колоритна уметност на ѕидовите од куќите каде што живеат тие. Едноставно наречена „Фавела сликање“, добротворната уметност на дуото ги прави жителите уметници, и нивниот град платно, влевајќи гордост на место кое малкумина би го сметале за пожелно.
фото: you tube, the journal by intrepid travel, popsugar lining