Колумна. Наде Молеровиќ: Мојот начин на справување со „цицачите“ на енергија
Не се уништувај себе си дозволувајќи негативните луѓе да влијаат на твојот карактер, репутација, лични желби и аспирации.
Чувај ги сите твои соништа дискретно, не им ги откривај, за да оние со отровен јазик се инфицираат самите себе си со болести.
Тие ќе ви ја украдат енергијата, сакаат и среќата, успехот, радоста…ќе сакаат да се чувствуавате несигурни, стресни и помалку вредни. Дали знаете зошто се тие негативни?
Затоа што си ја мразат работата? Или затоа што се чувствуваат заглавени во сопствениот живот? Можеби се под секојдневен стрес?
Дали им недостасува самодоверба, па се чувствуваат моќни само кога повредуваат некого? Некои сметаат дека можат да добијат се што сакаат ако се манипулативни, ако постојано кукаат и се жалат на се околу себе.
Запаметете, негативното однесување е рефлексија на самите нив, а не поради тоа што си ти.
Доколку не сте им на дофат, тие ќе посегнат по оние за кои вам ви е грижа и ви значат.
Најважно е да си ја поставите вашата визија и мисија. Бидете свесни што сакате и како ќе ги реализирате. Времето треба да биде ваш најголем сојузник во остварување на соништата. Не го трошете на токсични луѓе и луѓе кои ќе зборуваат за вас во негативен контекст.
Значи, еве како да се справите со вашите „цицачи“ на енергија и ентузијазам.
Нема да е лесно, еве предлози како јас се справувам:
1.Не ги земам работите како атак на мојата личност, затоа што сум многу сигурна дека нема да успеам во своите цели доколку се фокусирам на нивните опаски, дофрлувања, озборувања…гласни негативни коментари.
2. Не го рационализирам, анализирам и не барам логични одговори за нивното однесување, не губам време!
3. Гласно кажувам што мислам, не секогаш негативните луѓе дејствуваат негативно, едноставно, од некоја ним позната причина тие усвоиле негативен ментален склоп. Кога негативното однесување ќе се повторува почесто, време е да се крене глас и да се биде слушнат.
4.Сочувствувам со нив. Не секој се однесува негативно со намера, ако ги имам во превид нивните лични, семејни проблеми, стресот поврзан со работата, финансиските проблеми, ги земам како олеснителни околности и разбирање за нивното однесување, очај и импулсивност.
5.Се насмевнувам, многу често негативните луѓе имаат искривена перспектива за светот околу себе, затоа една насмевка може и ним да им го промени начинот на гледање на нештата.
6. Не ги осудувам, сите си имаат различни убедувања, верувања и вредности кои ги стекнале во периодот на нивното зреење во семејствата и заедницата.
7.Тоа што не можам да контролирам или сменам, не ме допира. Можам да ги контролирам моите емоции и однесувања, туѓите не!!
8. Им велам: Сега кажи ми нешто позитивно, кажи ми што ти се случи убаво денес?
9.Си велам: тоа не е до мене, луѓето се негативни поради борбата што ја водат со себе, јас немам ништо со тоа!
10. Ги одбегнувам културно и пристојно !
Коментарите се затворени