14.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025
spot_img

Концерт за Тоше на 13 октомври

На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. На концертот ќе настапат многу македонски и балкански музичари. Тие ќе ги отпеат најголемите хитови на нашиот непребол Тоше. Концертот е закажан уште сега, бидејки тогаш треба да биде промовиран четвртиот, постхумен албум на Тоше, кој ќе содржи десет песни на англиски јазик и три спотови.

Од фондацијата  „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот.

-Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено. Ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret place“ (Скришно место)  кој содржи десет песни на англиски јазик. Се подготвуваат и три видеозаписи. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Албумот се работеше во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Во англиската верзија на албумот, една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, велат од фондацијата.

По смртта на Проески, во изминативе десет години беше објавен голем дел од неговиот претходно необјавен материјал, од кој последно ја слушнавме неговата верзија на српски јазик од хитот „Штом сакаш“ на Каролина, како и  темата „Light the ame“ и двете објавени по повод 10 години без Тоше.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена