По една ипол година од последниот настап на популарно дуо ДНК , повторно ќе настапат пред скопската публика. За овој настап има два повода. Првиот е промоција на последниот албум “The Best Of” и синглот “Дијамант”, а вториот е почетокот на новата учебна година. Настапот ќе се случи во летниот клуб XL на 31 месецов.
ДНК ќе настапат заедно со нивниот 9-член бенд (гитара, сајзер, сакс, тапани, бас и придружни вокали), а за загревањето на атмосферата ќе се погрижи диџејот Fitty Flow. На настапот ќе има и специјални гости, чии имиња се држат во тајност до концертот.
Главен акцент на настапот ќе биде ставен на албумот “The Best Of” кој беше промовиран кон крајот на мај, а ќе бидат изведени и некои од нивните најпопуларни хитови од претходните материјали, меѓу кои “Што сака нека биде”, “Срце”, “Уште еден ден”, “Ѕвер”, “Фрази љубовни”, “Пола човек”,”Невозможна мисија”, “Најмила”,”Таа тоа го крие”, “Навлечен на тебе”, “Авион”,”Полна месечина”, “Она е од Шутка”, “Од утро до мрак” и други.
Првите 200 посетители ќе добијат подарок – последниот албум “The Best Of”

