Утре вечер на градскиот базен во Штип концерт ќе одржи Влатко Лозаноски. Концертот е закажан за 22 часот и е дел од овогодишниот летен „One summer beach Hello Festival”.
На клупскиот концерт на Лозано – Влатко Лозаноски и неговиот бенд посетителите ќе може да ги слушнат неговите најголеми хитови од неговите два албума “Лозано” и “Преку Седум Мориња”, како и дел од најавениот негов трет албум “Десет”. Во живо ќе се пеат “Километри”, “Јако, Јако”, “Камо тебе да те имам”, “Ова лето ќе се памти”, “Бонбона”, “Жена како ти”, “Како тебе нема друга”, “Мандарина”, “Нема ден, нема ноќ”, “Сонце не ме грее”, “Душо Варљива”, “Кога мене ќе ме немаш”, “Очи што тајни кријат”, “Блиску до мене”, “Нема да е крај на свет” и многу други.

