8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Кој е клучот за пронаоѓање на вистинската љубов?

Судејќи според американскиот математичар Тед Хил,  сигурно е дека ќе ја најдете љубовта ако се придржувате на принципот- оптимални запирање. Овој концепт се заснова на идејата дека околу 37 проценти од времето во својот живот, сметајќи го времето кога сме подготвени за забавување, да го поминеме сингл и во истражување на потенцијална опција.  Тој вели дека после обидите и грешките, на крајот мора да запознаеме, кој е спремен за врска и да се смири и дека тој некој ќе биде супериорен во однос на сите наши претходни. Хил смета дека кога ќе ги искористиме тие 37 проценти од времето кои сме го користеле за експеримент, мора да бидеме подготвени потполно да се посветиме на врската.

Некои статистички податоци велат дека просечно време за барање партнер/ партнерка е од 18 до 40 години. Тоа значи дека 26 години од животот е потрошен во пронаоѓање на партнер или до тогаш сте ги разгледувале излозите а потоа е време за купување.

Ако оваа формула за пронаоѓање на љубовта не ви е допаѓа, тогаш послушајте ги советите на Луен Ворд, жена која помага при пронаоѓање на партнери. Таа има неколку совети на оние од 20, 30 и 40 години кои се се уште во потрага по вистинската личност.

За оние на 20 години им вели да бидат отворени за нови искуства, да користат апликации за запознавање  и да бидат отворени за различни општествени кругови и ноќни клубови.  Во овие години тие треба да се посветат на кариерата, но и да остават простор за љубовни врски.

За оние на 30 таа вели дека не треба да живеат во заблуда дека вистинскиот/ вистинската ќе наиде. Но, треба да престанат и да го споредуваат својот љубовен живот со животот на пријателите.

-Запознајте се себе си и трагајте за она што вие го сакате, но не барајте го совршеното бидејќи тоа постои само во вашата глава. Време е сега да се одлучите што сакате и да направите план како тоа ќе го остарите бидејќи нема ништо полошо од тоа да дојдете на 40 години и да сфатите дека сте неисполнети, вели таа.

Ако наполните 40 без партнер покрај себе треба да го прифатите фактот дека начинот на забавување се сменил.  Не се сменил начинот на кој некого го сакаме, туку начинот на кој  доаѓаме до љубовната врска. Треба и да си го освежите изгледот, бидејќи тоа ќе ви помогне да си ја вратите самодовербата.  Но, ова не значи дека треба да се облекувате како кога сте имале 25 години.

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена