Кој е магнет за комарци?

Давате се од себе за да уживате во вечера на отворено, меѓутоа комарците кои ве следат, не ве оставаат на мира. Ги има насекаде а нивните убоди оставаат црвени отоци кои чешаат. Зошто токму вие?
Сигурно сте забележале дека некои луѓе минуваат без ниеден убод, додека другите (вие), сте константно опкружени со роеви комарци. Што е тоа што ве прави да сте магнет за комарци?
Според некои истражувања, комарците покажуваат афинитети за одредени типови на крв, а една од петте личности претставува вистински магнет за комарци. Многумина не се свесни дека крвта која ја цицаат од нас не им е вечера, односно дека на женските комарци им треба крв за да можат да ги изведат јајцата.


Кој најмногу привлекува комарци? Иако научниците немаат прецизно утврдено кого точно комарците го сметаат за идеален оброк, истражувањата и понатаму изненадуваат.
Најголем број од нив ги анализираат човечките миризби кои ги привлекуваат овие здодевни инсекти. Поради големиот број на примероци и комплексноста на целиот процес, научниците го толкуваат изборот на комарците.
Најголемо влијание (дури 85 отсто) има нашиот наследен генетски материјал. Исто така, во нашето тело постојат одредени хемиски соединенија кои кога ќе дојдат на површина на кожата едноставно ги привлекуваат комарците. Луѓето со високо ниво на стероиди или холестерол на својата кожа се многу привлечни за комарците. Тоа не значи дека комарците ги привлекува висок холестерол, туку дека тие луѓе веројатно имаат подобар метаболизам и обработка на холестеролот, а производите на таквата обработка доаѓаат на самата површина на кожата.
Исто така, комарците почесто ги одбираат оние луѓе кои произведуваат поголема количина на одредени киселини во телото.
Самиот процес на привлекување комарци почнува доста пред нивното слетување на површината на кожата. Комарците може да го намирисаат својот плен на оддалеченост од дури 50 метри.
Ако сакате да ги одбегнете хемиските препарати за заштита од комарци, постојат неколку алтернативи – репеленти базирани на етерични масла на лимонски еукалиптус, цитронели, нане, лимонова трева… Добра алтернатива се и замките за комарци, кои содржат привлечни материи за нив или состав како што е јаглен диоксид, топлина, влага… Како и да е, местото на убоди од комарци не треба да се чеша зашто така само ќе ја влошите ситуацијата. Ако чешате силно, доволно да ја изгребете кожата, бактериите кои потенцијално ги имате под ноктите, може да го инфицираат местото на убод.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена