Потребно е: 200 г грав (бел), 3 лажици маслиново масло, кромид, 2 чешниња лук, 5 чаши пилешка или зеленчукова супа, 1 целер, магдонос, 1 лажица сок од лимон, 60 г сланина, 85 г полномасно сирење, сол, црн пипер и ловоров лист.
Покиснете го гравот во ладна вода и оставете да отстои преку ноќта. Исцедете. Загрејте две лажици маслиново масло на среден оган. Додадете го исечканиот кромид, па пропржете неколку минути, а потоа додадете го и исечканото лукче и пропржете уште малку. Потоа додадете го гравот, супата, целерот, магдоносот и ловоровиот лист. Нека проврие, па варете еден и пол час со повремено мешање. Кога ќе се свари сипете го и сокот од лимонот, а потоа изблендирајте ги сите состојки. Вратете ја чорбата повторно во садот и зачинете по вкус. Преостанатото маслиново масло загрејте го во тавче, па додадете ја исечканата сланина и пропржете пет минути. Додадете ги и исечканиот млад кромид и пропржете уште малку. Во чорбата измешајте го сирењето, а потоа послужете го јадењето украсено со пржена сланина.