16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Крофни

Потребно е: 500гр брашно, 100 г путер, 4 жолчки, 80 г шеќер, сол, малку изрендана кора од лимон, лажици рум, половина литар млеко и квасец.
Изматете го квасецот со 3-4 лажици млеко, додадете 2 лажици шеќер и 3 лажици брашно. Кога квасецот ќе нарасне, се меси тесто.
Кога ќе почне да се одвојува од прсти, тестото се остава да мирува, додека да нарасне.

Површината на која се развлекува се посипува со брашно, па се развива тестото со дебелина од 1 или 1,5 см. Крофните се вадат со тркалезни облици, најлесно со наопаку превртена чаша и повторно се оставаат малку да нараснат.
Се печат во многу масло, кое се загрева во сад со дебело дно.
Готовите крофни се попрскуваат со шеќер во прав и со цимет.
Фото- Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена