12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

КРУШЕВО, ТАЈНОТО МЕСТО НА ТОШЕ

Кога е во прашање Тоше и неговите песни, и сега по 11 години, сеуште има многу емоции, трепери срцето на секој рефрен, на секој стих, што Проески го испеа. Синоќешниот концерт во Арената „Борис Трајковски“, полна со луѓе ама и со нежно свечено исчекување, не сплоти сите нас што љубовта кон него ја чуваме како пламенче во градите.


А, судејќи по емоциите со кои пеачите ги изведоа „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Тајно моја“, „Једина“ „Чија си“, „Игри без граници“, „Немир“ „Цреша“…, и тие- Наум Петрески, Тамара, Тијана Дапчевиќ, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Александра Јанева, Денис Димоски, Владо Клембер, „Фрајле“, Ања Рупел, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Даниел Кајмакоски, Борис Новковиќ, Александра Радовиќ, и се разбира бендот на Тоше, беа преплавени со чувствата.

„Немир“ и Каролина
Најголемиот хор во Македонија, иљадници гласови и уште толку срца поврзани со невидливите синџири на љубовта, со своите мобилни телефони правеа пространо ѕвездено небо за Тоше. И навистина беше привилегија да сте дел од големата музичка приказна.
Се беше магично ноќта спроти задушница- начин на кој Кристијан Ристески, внукот на Тоше, ја изведе „We are blood“, обраќањето на продуцентот и големиот пријател на семејството Проески, Енди Рајт, промоција на „Secret place“…

Браво Кристијан!
Концертот беше одржан со подршка на Министерството за култура, а во организација на фондацијата „Тодор Проески“.
Спотот за „Secret place“, што е снимен во Крушево во режија на Александар Пауновски, го видовме на крај. Да, тајното место на Тоше, беше и остана Крушево.
А нашите срца, тајното место за него. (В.Т.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена