Најважните елементи на функционална трпезарија се: маса, удобни столици и добро осветлување. Ако и најдете вистинско место на масата и во однос на ѕидовите и во однос на останатите делови од мебелот, тогаш имате идеални услови за јадење во кујната.
Помеѓу масата и ѕидот треба да се остават најмалку осумдесет сантриметри што е доволно и за седење и за поминување. Важен е и обликот на масата -тркалезна, елипсоидна или коцкаста (најдобро е доколку ја ставите во агол). Ако масата ја има централната позиција на средина, тогаш треба да се одлучите за овална или правоаголна маса.
Каква маса е најдобра, онаа што се продолжува или статична?
Темното дрво скоро секогаш е комбинирано со челик и алуминиум. Ова е навистина помалку тежок стил, но самата технологија на обработка овозможува едноставно одржување. На темно кафеави елементи додадени се прозорци од стакло, па така површината делува полесно.
Доколку се одлучите за бела кујна, останатите делови можат да ви бидат во силни и изразени бои. Освен тоа, белата кујна е одлична за мал простор. Доколку вашиот стил е старински, основниот материјал е дрво бидејќи создава пријатна атмосфера. Со благородно дрво одлично одат столици со перничиња во боја што ќе и дадат особеност на вашата кујна.
Фото Homepolish