16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Ладна чорба од карфиол

Потребно е: 300 г карфиол, 30 г сенф, 30 г путер, 200 мл млеко, 200 г кисела павлака, 5 г ким, 2 жолчки, 40 г брашно и малку сол.
Исчистениот и измиен карфиол се налева со вода и млеко и се вари, а на тоа се додаваат неколку зрна ким. Кога ќе се свари, се одделуваат неколку цвета, а другото се пасира и се враќа во супата во која се вари. Потоа се посолува. Одделно се мешаат жолчките, сенфот, брашното и павлаката, путерот и се додаваат во врелата чорба. Се вари уште 5 минути. Откако ќе се излади, се става во фрижидер, добро да се олади пред да се послужи.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена