16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Ладни напивки во зима?!

Дали сте знаеле: Русите во лето пијат единствено чај и одат во сауна, додека во зима јадат сладолед и се тушираат со ладна вода. Слично функционираат и жителите на скандинавските земји, така полесно се поднесува студот, односно така се приспособува температурата на телото со надворешните услови.
Исто така, заблуда е дека сладоледот не смее да се јаде во зима, туку е прифатен како летен десерт. Неговото консумирање е многу подобро во зима отколку на лето, затоа што на тој начин се одбегнува температурен шок. Во северните земји сладоледот многу повеќе се јаде во зимските месеци, додека во лето се пијат топлите чаеви. Погрешно е мислењето дека сладоледот доведува до воспалувањето на грлото и крајниците. Сетете се:тој на децата им се дава веднаш по операција, и тоа е нешто како ладна облога.
Исто така една од заблудите е дека настинките се јавуваат само во зима поради студот. Се разбира дека се почести, но температурата нема никаква врска со разболувањето. Луѓето не проветруваат и многу повеќе седат во затворени простории што е идеално за размена на микроорганизми.
Кога ги пиеме ладните напивки во зима, помала е разликата во температурата и со тоа помал шок за дигестивен систем. Тие ги намалуваат крвните садови со што се спречуваат воспаленијата, а на многу микроорганизми не им годат ниските температури.
Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена