Лажичка шеќер за совршен пилинг

Имате доволно време да се посветите на себеси и на нега со продуктите од кујна. Без оглед на тоа што застапниците на козметичката индустрија се обидуваат да не` уверат во спротивното, вештачките хемиски производи не се нужно најдобрата нега која може да си ја дозволите за својата коса и кожа.
БАНАНА – регенератор за коса
Ставањето банана на косата звучи како игра за мали деца, но истовремено тоа е еден од најдобрите и најевтини начини да и овозможите врвна хидратација на вашата коса. Ставете една поголема банана и половина чаша јогурт во сад и добро измешајте со миксер. Измијте ја косата со класичен шампон и врз неа ставете маска од банана, па оставете ја смесата да отстои десет минути. Потоа измијте уште еднаш со шампон.


МАСЛИНОВО МАСЛО – регенератор за нокти
Сигурно ви е добро познато дека квалитетното маслиново масло прави чуда за здрав и убав изглед на вашата коса, но сигурно не знаете дека истиот ефект го има и врз вашите нокти. Се` што треба да направите е да нанесете капка масло на секој нокот и добро да го втриете во кожата околу него.
ШЕЌЕР – пилинг за кожа
Иако шеќерот е нешто што треба да го избегнувате кога е во прашање исхраната, никој нема против да го користите за убавина на својата кожа. Треба да направите квалитетен пилинг, а се` што треба да сторите е да додаде една голема лажица шеќер на својот сапун или гел за туширање и добро да го втриете во кожата. Кристалите шеќер се одлични за отстранување на мртвите клетки на кожата, посебно на деловите како што се лактите, колената и зглобовите. Ако сакате да направите пилинг за лице, на шеќерот може да додадете и мала количина (половина чајна лажичка) средство за чистење на лицето и нежно да го втриете во кожата.
МЕД – средство против стареење
Не е тајна дека домашниот, природен мед е една од најдобрите работи кои може да си ги дозволите во која било доба од годината, а истото тоа важи и за вашата кожа. Освен што има одличен хидратантен ефект, молекулите во медот и помагаат на вашата кожа да изгледа младо и свежо. Намачкајте го лицето со тенок слој мед и оставете да отстои 15-20 мин. Потоа измијте се добро и уживајте во хидратизираната и освежена кожа.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!