Лековитата коприва: Салата и чорба за зајакнување

Оваа билка содржи многу витамини и минерали: Ц и Б2, каротин, железо, калциум и фосфор, но и покрај тоа што е достапна преку целата година најдобро е да се користат младите врвчиња кои се берат напролет. Копривата се препорачува на анемични лица и на оние кои страдаат од реума. Освен што е лековита, од младата коприва може да се подготват и вкусни чорби, салати и варива.

Чорба од коприви

Околу 200 г млада коприва се потопува во солена вода и нежно се пасира (водата се менува 2 пати). На малку путер се пропржува ситно сечкан млад кромид, се додават 3 чешниња истолчен лук, црвен пипер, се прелива со литар вода и се додава малку ориз. Кога оризот е полу сварен, се додава исечканата коприва, а потоа се зачинува по желба (сол, црн пипер и сушен зеленчук). Се вари уште десетина минути, се посипува со магдонос и по желба се додава рендан кашкавал или павлака.


Салата за зајакнување

Ситно исечкајте филџан млади коприви, полијте ги со јаболков оцет и добро испасирајте. Додадете чаша ситно сечкан див лук, лажичка рен и две супени лажици маслиново масло. На крај, се додава и зелена салата.
фото-pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!