Ако жената е силна и независна, тогаш ќе има проблем да најде љубов, бидејќи мажите ќе ја заобиколуваат. Но, не се свесни дека со стравот си ускратуваат големо задоволство, бидејќи токму тие жени се многу подобри во сексот од оние помалку самостојни и успешни. Зошто е тоа така? Зошто мажите се плашат од успешните жени а притоа не се свесни дека со нив ги чека незаборавен секс.
Не се сигурни
Лесно е да се чувствуваш сигурен покрај жена која не покажува амбиција, затоа несигурните мажи често одбираат таква жена. Тоа не значи дека мора да ги спуштите или намалите стандардите и очекувањата што ги имате, само ќе треба да најдете маж, доволно сигурен во себе и кој заради вашите амбиции не се чувствува помалку вреден.
Се плашат дека ќе делуваат помалку мажевно
Во денешно време жените и понатаму заработуваат помалку од мажот, а во случаи кога не е така мажите се чувствуваат помалку мажевно. Секако, има и такви мажи на кои тоа не им пречи, само треба да се пронајде таков.
Страв им е дека ќе бидат повредени

Силната и независна жена знае што сака и што не сака. Во очите на несигурниот маж тоа може да биде лоша особина, особено ако од жената очекува да се сложува со се што тој ќе каже и ако се плашат да не бидат повредени.
Кога станува збор за сексот, тука е сосема поинаку. Колку жената е поуспешна толку повеќе нејзината самодоверба е поголема. Доминантните жени не се плашат скоро од ништо и многу се одлучни. Но, и тие сакаат да уживаат, да им биде убаво во кревет. И токму и тоа го прават.
Сакаат да се чувствуваат посакувано
Доминантните жени знаат дека луѓето кон нив чувствуваат стравопочит, ама таквите жени во кревет сакаат да бидат потполно поинакви. Тие во кревет сакаат некој кој ке ги сака, затоа што тоа го чувствува а не затоа што тие се погрижиле да ги сакаат. На тој начин воспоставуваат рамнотежа во животот, им веруваат на партнерите. Успешните жени сакаат да доминираат, да имаат контрола над секоја ситуација а така е при изборот на партнер. Ако таа си го одбрала, тогаш потполно му верува и затоа ќе му дозволи во кревет мажот да ги земе работите во свои раце.
Сакаат да ја препуштат моќта на некој друг
Ако во работата се доминантни, во кревет сакаат нешто сосема поинакво. Доминантните жени не сакаат да бидат покорни, но кога станува збор за секс, немаат ништо против мажот да биде главен.
Извор: telegraf.rs/ index.hr