Потребни состојки: филети од лосос, ситно сечкан кромид, половина филџан бело вино, сок од портокал, 3 лажици мед, 3 лажици путер, сол и пипер.
Зачинете ги филетите. Загрејте ја тавата, истопете го путерот, додадете го кромидот и пржете 2 минути. Додадете ги филетите а потоа и сок од лимон, вино, мед а по потреба додадете сол и пипер.