11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Мажите треба да внесуваат 7 а жените 5 лажичиња масло дневно

 

Со маслото треба да се внимава, а дневно да не се внесува повеќе од пет (за жени) односно седум (за мажи) лажичиња. Кое масло е најздраво, најповолно и ви годи? Ви даваме карактеристики на маслата што се застапени по нашите продавници.

Маслиново масло

Го намалува ризикот од болестите на срцето и крвотокот, затоа што е богато со незаситени масни киселини и го намалува нивото на холестеролот во крвта. Ова масло содржи антиоксиданти кои го спречуваат штетното влијание на слободните радикали.

Масло од лен

Масло од семките на лен е добар извор на Омега 3, кои се препорачуваат во борбата со холестеролот. Од друга страна ова масло не е прилагодливо за готвење на јадења ама затоа можете да го користите за салати.

Масло од репка

Богато е со незаситени масни киселини а од другите масла има помалку заситени масти. Од маслиново масло има десет пати поголемо ниво на Омега 3 .

Сончогледово масло

Ова е одличен извор на витаминот Е а 1 до 2 лажичиња ги задоволуваат дневните потреби. Многу е штетно доколку  истото се користи за пржење неколку пати. И уште нешто – доколку редовно го користите морате да се погрижите преку други намирници да внесувате Омега 3.

Масло од тиква

Масло од тиква има добро избалансиран однос на незаситени масни киселини вклучувајчи и Омега 3. Добро е и за јадења и за салати, но за разлика од семки не содржи многу цинк, железо и магнезиум.

фото-pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена