Потребно е : 350 г грав, 15 суви везени пиперки, 4 чешниња лук, сол, 1 филџан масло.
Сварениот грав се процедува, водата не се фрла а варените суви пиперки се ладат и се чистат од семето. Во дрвен сад се толчи лукот со сол, се додаваат претходно исчистените пиперки и се продолжува со толчење. На крајот се додава грав, и се гмечи со толчникот. Ако смесата е многу густа, во неа се додава малку водата од гравот.
Во тавче се загрева маслото и кога ќе почне да врие се прелева врз макалото и се заедно се промешува.
Фото- vesnarohrrecepti.com