34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

„Макфест“ може да почне- Шоу на Дарио за финале

Фестивалот на музика „Макфест 208“ во Штип може да почне. Се е подготвено и од музички и од технички аспект за 4,5 и 6 октомври. На денешната прес конференција беше направен и редоследот на настапите на учесниците за првата и втората полуфинална вечер, кога ќе се испеат 32 песни.

Од прес конференцијата на „Макфест“

Првата полуфинална вечер фестивалот ќе го отвори Сара Гигова, по неа ќе настапи Симона Поповска, па Мина Блажева, потоа Мартинијан Кириловски, Игор Узунов, Пепа, Наталија Данаилова, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, Горан Наумовски со Горан Папаз, Џокси, Димитар Андоновски и „Тајфата“,  Христијан Проданов и на крај Ѓоко Танески.

Втората полуфинална вечер, пак, прва ќе настапи Барбара, потоа Огнен Здравковски, Маријан Стојановски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“,  Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов,  Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруновски,  Антонија Гиговска, Мартина Митревска и на крај  Анета Ристова Василевска.

Во однос на промените, на пресот беше кажано дека годинава нема да има гласање по телевоутинг, како и шоу програми за време на првата и втората полуфинална вечер.  Шоу програма додека трае гласањето ќе има Дарио и тоа само за финале. Водител ќе биде Маријана Станојковска. Фестивалот ќе се пренесува на Првата програма на МТВ со почеток во 20.30 часот.

Фестивалот се одржува под покровителство на општина Штип. Уметнички директор годинава е Владимир Дојчиновски.  И градоначалникот  Благој Бочварски и Владимир Дојчиновски во своите излагања на пресот рекоа дека ќе се потрудат годинава фестивалот да биде најдобар.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена