Додека трае забавата, не се размислува за денот потоа, но последиците се неминовни, познати на сите и се нарекуваат мамурлак.
Една од најважните причини зошто ви е тешко утрото по пиење е дехидрацијата. Значи, на организмот му недостасува вода и треба итно да се надополни!
Потоа, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како што се А, Б (особено Б-6) и Ц. Недостигот од нив е причината зошто се чувствувате исцрпено, како некој да ве исцедил. Овие неопходни состојки надополнете ги со сок од портокал, домати или енергетски пијалаци за спортисти, кои се богати со хранливи состојки. Но, запаметете – не консумирајте сок од грејпфрут! Тоа само ќе ви ја зголеми мачнината.
Свежо овошје, наместо мрсна храна
Од мамурлакот може да чувствувате како црвчиња да ви шетаат низ главата и телото. Иако повеќето во борбата против мамурлакот посегнуваат по мрсна храна, овошјето е всушност идеална храна, која со брзнина на молња во вашиот организам ќе ги внесе неопходно потребните, а загубени витамини.
Растегнете ги мускулите
Тука не се мисли на трчање, или вежбање во теретана, зашто за тоа веројатно нема да сте способни, но некои лесни, едноставни вежби, може да бидат од голема корист. Движењето ќе му помогне на вашето тело да ги исфрли од себе штетните состојки што сте ги внеле претходната вечер.
Пејте под топол туш
Топлиот туш помага секогаш и секаде, па така и во овој случај. Истуширајте се, задолжително со топла вода, зашто студенета вода предизвикува стеснување на крвните садови во кожата и периферните органи, што уште повеќе го оптоварува срцето и го отежнува дишењето. Од друга страна, топлата, не прежешка вода ја подобрува прокрвеноста на кожата и ја подобрува работата на срцето. Освен што ќе се разбистрите и ќе мирисате поубаво, зашто по долго пиење, никој не мириса како свежо набрано цвеќе.
Фото: Pexels