Марија Спасовска (12) од Скопје повторно го освои жирито на Интернационалниот детски фестивал „Тра-ла-ла“ кој се одржа во Охрид и Битола од 14 до 18 овој месец. Жирито, кое имаше интернационален состав, ја прогласи Марија за најдобра меѓу 105 учеснци од 18 различни земји од Европа, Марија пред 18 членото жири успеа да се претстави во најдобро светло со песните „Црно и бело“ од Калиопи и „Еуфорија“ од Лорен.
На гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за најдобар вокал од претседателот на жирито,, кој покрај пехарот и додели и школарина за вокална техника во Романија. Марија во април идната година ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники. Покрај ова Марија освои специјална награда пехар и диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително и се доделени акредитации да ја претставува Македонија на нови два фестивала во Швајцарија и Полска.
Марија досега на Македонија и донела неколку награди на интернационално ниво. Во 2016 година во Загреб, во концертната сала „Ватрослав Лисински“, добитник е на награда-диплома 2 лаурет на фестивал за естрадно пеење на „Зорнија кветки“ во Минск, Белорусија во март 2017 година, добитник е на награда диплома 3 лауреат на „Славјански базар“ во Витебск, Белорусија во јули минатата година, награда- диплома 2 лауреат на фестивал за естрадно пеење „Езерски Бисери“ во Струга лани, а исто така има учество и во проектот „ Casting Talent Show“ организиран од Македонска опера и балет и е добитник на награда од детска категорија како суперфиналист во шоуто и добитник на улога -дете ангел во мјузикал „Тајно Моја“ организиран во чест на Тоше Проески.