12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Марија ќе настапи на фестивалот „Арлекин“ во Варна, Бугарија

Нашата Марија Спасовска (13), заминува во градот на уметноста – Варна, Бугарија, каде ќе настапи на фестивалот за филмска музика, „Арлекин“.
Со песната „My heart will go on“ од филмот „Титаник“, Марија повторно ќе ги брани боите на македонското знаме. За овој настап таа беше одбрана по преслушувањето на нејзините досегашни објави на каналот You Tube.
Инаку, „Арлекин“ е филмски и мултимедијален интернационален фестивал кој ќе се одржи во Варна од 8 до 12 јуни а директен пренос ќе се случува преку БНТ и БТА.
На фестивалот учествуваат иновативни и креативни младинци до 20 години кои се интересираат за мултимедија.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена