34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Мартин Вучиќ нов директор на Ансамблот „Танец“

Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во  Македонската филхармонија ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“.  Дознаваме дека потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и дека најверојатно  во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден.

-Очигледно сите официјално знаат само јас не.  Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор,  и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство, вели Мартин.

Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.

Мартин освен што е магистер по музика, зад себе има богато музичко искуство и кариера, како инструментално така и вокално. Во 2005 ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија.  Има втора светска награда за ударни инструменти, камерна музика  во Софија, Бугарија. Има снимено шест албуми, поп и етно, дел од нив се издадени и надвор од границите на Македонија. Со Мартин и „Перекс“ оркестарот го издаде албумот „Звуците на Македонија“, со кој направија турнеја а концертот во Антички во Охрид  се уште се памети.  Автор е на многу композиции на песни за колеги а на последното издание на фолк фест „Валандово“ ја доби наградата за најдобар аранжман за песната  „Таа, јас и љубовта“ што ја отпеа Кирил Митоски. Три години работеше и како доцент на Факултетот за музичка уметност.  (В.М.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена