Фолк пејачот Марјан Коцев прослави осум години брак со неговата сопруга Биљана. Марјан и Биљана ги надминаа, како што велат, критичните седум години, во кои ја имаат ќеркичката Дуња а сега очекуваат второ бебе.
-Да, во брак сме осум години и една година пред тоа бевме во врска, значи јас и Биљана сме точно девет години заедно. Велат критична била седмата. И Биљана сопругата рече така, но што знам. Јас не верувам во тоа. Еве ја поминавме. Денот го поминавме на убав ручек во еден скопски ресторан. Нормално заедно со нашата прва радост Дуња. А потоа малку прошетавме иако Биљана сега не е баш за шетање, бидејќи ја очекуваме нашата втора радост. Кон крајот на октомври ќе ни се роди син.

Што за овие години сфати за бракот?
-Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор се се решава.
Што е предноста или мааната коа си ерген и кога си сопруг?
-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Биљана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ја имате ќеркичката Дуња. Колку те смени татковството? Сметаш ли дека се снајде во улогата на татко?
-Нормално откако дојде Дуња на свет целиот свет се смени за мене и за Биљана. Тоа е нешто свето. Човек додека не го почувствува тој момент кога ќе му се роди дете, не може да ја почувствува таа љубов, топлина и насмевка. Сосема друга димензија. Нешто исконско.
Колку твојата професија и честите патувања влијаат врз хармонијата на бракот?
-Отсуство! Па минатата година отсуствував многу. Скоро половина година. Се си има своја цена. Три пати бев во Австралија и третиот пат веќе и јас не можев да доседам. Најтешко беше кога ќе се видевме со Дуња на камера. Таа плачеше и ме молеше да си дојдам. Тоа за мене беше рамно на самоубиство. Не можев да ги поднесам тие моменти. Чекав само да дојде денот кога ќе се качам на авион и ќе си дојдам дома. Скоро секој ден со солзи гледав авионите како доаѓаа и си заминуваа . Ама тоа е… (В.М.)