Смесата за мафини е слична на смесата за палачинки, само што наместо пченично се става и пченкарно брашно.
По еден филџан брашно и млеко (или јогурт), малку масло, малку негазирана вода, прашок за печиво, сол и 2 јајца смешајте во подлабок сад. Додадете и половина филџан пченично брашно, промешајте и почекајте 10-тина минути за да смесата убаво се соедини. Сега налевајте во калапчиња за мафини, и за да бидат полични, наросете со сусам, афион и ленено семе. Печете 15-тина минути а потоа преселете во хартиени кошнички.
Уживајте!