Мафини со тиквички

На почеток изрендајте една- две тиквички и оставете да се исцедат. На тиквиците се додаваат две чаши брашно, едно јајце, една чаша јогурт, половина чаша масло, 150 грама дробено сирење, пециво и прстофат сол.
Целата смеса се меша убаво до соеднинување, и се става во соодветени калапи за мафини. На крај се наросува со сусам и ким.
Мафините се печат 25 минути на 250 степени. Добар апетит!
Рецепт и фото: Пенка Мукаетова

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!