14.8 C
Skopje
сабота, јули 12, 2025
spot_img

„Мајкл Корс“ ќе го контролира „Версаче“ за две милијарди долари

Американската модна куќа „Мајл Корс“ најверојатно ќе ја преземе контролата  на италијанската модна куќа „Версаче“. Станува збор за зделка од скоро 2 милијарди долари. Повикувајќи се на свои извори ова го тврди „Фајненшел тајмс“, како и италијанскиот весник „Кариере дела сера“.  Според нив промената на сопственоста треба да се случи неделава.

Од 1997 година, кога е убиен Џани Версаче со компанијата газдуваат неговата сестра Донатела, која е креативен директор  и брат и Санто, кој е претседател на Управниот одбор. Светските медиуми пренесуваат дека двајцата имаат 80 проценти од акциите и, според запознаени во продажбата, понатаму ќе останат на раководните места.

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена