Медитација, секс и чоколадо
Сте се запрашале ли некогаш зошто се чувствувате подобро по долга прошетка, трчање или гледање комедија? Еланот што го чувствувате, а кој кај некои луѓе може да трае и до 12 часа, има свое научно објаснување – станува збор за ослободување на супстанцата ендорфин.
Лекарите го објаснуваат ендорфинот како неуротрансмитер што ги продуцира мозокот и е познат како предизвикувач на еуфорично расположение.
Силата на позитивните мисли е еден од природните предизвикувачи на среќата. Медитацијата и соништата со убава содржина можат да ви помогнат да се чувствувате подобро.
Луѓето што вежбаат редовно се посреќни од оние што седат и се пасивни. Соочување со можностите на нашето тело, преминувањето на границите и постигнување на целта – не` прават посреќни.
Сексот е познат по „ носењето среќа“ и влијае слично како и вежбањето. Оргазмот е само шлаг на врвот од тортата. Храната, како што е чоколадото влијае на чувството за среќа и сигурност, што не значи дека кога сте тажни, треба да изедете цела торта – едно парче е сосема доволно.
Фото-Pexels