17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Медицински прирачник на Лујза Хеј: Афирмации со кои ќе оздравите (4)

Лујза Хеј, пионер на афирмации беше основач на движењето за самопомош и зачетник на идејата дека со позитивен став можеме да ја промениме својата реалност, во 1976 година ја напиша првата книга за тоа како да го исцелиме своето тело.

Нарушување: Проблеми со грлото
Веројатна причина: Неспособност да се искажеме. Потиснат бес. Неискажана креативност. Одбивање да се смениме.
Афирмација: Во ред е да креваме врева. Се изразувам слободно и со радост. Со леснотија ги изнесувам своите мисли и ја изразувам својата креативност. Подготвена сум да се менувам.

Нарушување: Грозница
Веројатна причина: Ментални контракции: движење или запирање. Желба да побегнеме од се` и сите да н` остават на мира.
Афирмација: Сигурна сум и осигурана цело време. Љубов ме опкружува и штити. Се` е во ред.

Нарушување: Губење рамнотежа
Веројатна причина: Расеани мисли. Неконцентрираност.
Афирмација: Се концентрирам и го прифаќам совршенството на својот живот. Се` е во ред.

Нарушување: Хемороиди
Веројатна причина: Страв поради поставени рокови. Чувство на бес поради минатото. Се плашиме од растоварувања. Чувство на оптовареност.
Афирмација: Се ослободувам од се` што не е љубов. Постои време и простор за се` што сакам да направам.

Нарушување: Херпес
Веројатна причина: Колективно верување во сексуална вина и потреба да се казнуваме. Заедничко чувство на срамота. Верување дека Бог ќе не` казни. Одбивање на сексуалноста.
Афирмација: Бог ме поддржува. Јас сум нормална и природна. Уживам во својата сопствена сексуалност и во своето тело. Преубава сум.

Нарушување: Хипертиреоза
Веројатна причина: Крајно разочарување поради тоа што не сме способни да го правиме она што го сакаме. Секогаш им удоволуваме на другите, а никогаш на себе.
Афирмација: Ја насочувам својата сила на вистинско место. Ги донесувам своите одлуки. Исполнета сум.

Нарушување: Импотенција
Веројатна причина: Сексуален притисок, напнатост и вина. Општествени предрасуди. Презир спрема претходниот партнер. Страв од мајката.
Афирмација: Јас сега допуштам силата на мојата сексуалност да се искаже со леснотија и радост.

Нарушување: Инфекција
Веројатна причина: Страв. Бес. Нервоза.
Афирмација: Мирна сум и концентрирана.

Нарушување: Инфлуенца
Веројатна причина: Реагирање на масовна негативност и уверувања. Страв. Верување во статистички податоци.
Афирмација: Јас сум надвор од сите масовни предрасуди и надвор од календарот. Ослободена сум од сите надворешни влијанија.

Нарушување: Ишијас
Веројатна причина: Лицемерство. Страв од недостаток на пари, страв пред иднината.
Афирмација: Го избирам она што е најдобро за мене. Доброто е насекаде околу мене. Јас сум сигурна.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена