Месо со калинка

Потребно е – свинска кртина околу 1кг, лук, ловорови ливчиња, јаболко, калинка, балсамико, вино, вода.
Измачкајте го месото со сол и пипер, ставете го во тавче и прелијте со масло. Излупете едно лукче и исецкајте го и заедно со неколку ливчиња ловор набодете ги во месото. Печете на 200 степени а кога ќе фати коричка, намалете ја температурата на 180 степени. Печете уште еден час, повремено свртувајќи го месото и додавајќи му вода и вино. Исчистете едно јаболко и една калинка. Сочувајте неколку семчиња од калинката за украс. Исцедете ја калинката и јаболкото и сокот помешајте го со сосот од печењето, додајте вино, шеќер, балсамико и малку вода.
Кога ќе биде готово месото, украсете со семки од калинка.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена