Меѓународен успех. Македонскиот модел Ивана за Долче&Габана

Минатата недела во Милано се одржа ревијата на дизајнерското дуо D&G каде што настапи нашата Ивана Манас. Откако ја обнови соработката со модната агенција Моделс ИН Менаџмент, за краток период таа потпиша договор со српската агенција JS’ Management и тие веднаш решија да ја пласираат во Милано.


„Ивана е совршена за висока мода и очекувано беше да ја изберат за светски бренд- вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски. „Сега е во Италија како дел од агенцијата Тhe Lab Models Milano каде што работи на нови проекти и таму ќе остане до средина на март, потоа во договор со агенцијата од Белград ќе решиме која ќе биде нејзината следна професионална дестинација, и сигурни сме дека ќе направи голема кариера, додава Алек.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!