Наградата си дојде дома, во вистински раце е, а фотографиите навистина го доловуваат моментот на емоции, кога Отец Пимен во Загреб му ја предава на Мирослав Рус.
Да потсетиме: годинава „Охрид фест“ наградата за промоција на музиката на Балканот ја додели на композиторот и текстописецот Мирослав Рус, а истата од сцената на Долни Сарај, на 28-мото издание на фестивалот, на 12 септември ја подигна неговиот пријател Отец Пимен.
Тогаш Рус изјави дека наградата му дава додатна сила да истрае по немирниот пат на создавање, ама и му разбудува многу сеќавања на земја од која доаѓаат луѓе кои оставија длабока трага во неговиот живот.
И тоа секогаш ќе остане немерлива константа на љубов.
Една слика – илјада зборови што кријат длабока почит, пријателство и разбирање. Му честитаме уште еднаш на Рус и посакуваме што поскоро да не посети во Македонија.