Христијан Мицкоски ќе биде гостин во новата епизода на „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5 телевизија.
Жаре и Мицкоски ќе изиграат фудбалче, еден на еден, но, тоа не е единствениот предизвик кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.
Интересна изјава даде Мицкоски во моментот кога Жаре и екипата му подготвија музички квиз, погодување на песни. На почетокот на хитот „We Will Rock You“, тој рече: „ Ова ќе се случи на 12 април“.
За крај Жаре го праша дали се слуша со Никола Груевски.
„ Кој Никола? Има еден Никола од Кисела вода. Не се слушам со него“, одговори Мицкоски. Дел од муабетите се посветени и на неговото семејство, сопругата и синовите, а раскажа и приказни од тоа како почнал.
„ Првиот ден кога отидов на работа, среден, стокмен, шефот ми дава метла и ми вели: Ајде да го изметеш дворот. Денот си го завршив професионално. Метев цел ден“, раскажа Мицкоски за своето прво работно место.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени