,,Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај”, ни испеа Мијата во „Полетај“, својата нова, овој пат- рок песна која доби и автентичен видео запис.
„Полетај“ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминатите три месеци- токму со овие зборови Мијата „ја отвори“ својата промоција, раскажувајќи како се случи нејзиното ново чедо.
„Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија, кој ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија а откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски, започна редењето на коцките. И така, невозможно стана возможно, едноставно, нештата се редеа сами.
Инаку, „Полетај“ е музичко дело на Ханс Греис, текстот е на Мијата а аранжманот го направи Дамир Пух, чие дело се и специфичните гитарски делници.
Во видео записот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски- тапани, Кире Мирчовски – гитара и Ване Ѓорговски – бас.
„Мелем продукција“ и Огнен Шапковски создадоа видео запис во кој извонредно е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени