МОБ: Диско треска за Василица

Македонската опера и балет со огромно задоволство најавува „Диско треска“ за Василица.
Гала концертот по повод празникот „Василица“ насловен „DISCO FEVER“ оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани!
Хитовите : Staying Alive, Night fever, Hot stuff, Upside down, Ain’t nobody, Dancing queen, That’s the way like it, Don’t stop till you get enough и многу други песни на- Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M, и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ, традиционално ќе се случуваат на 12 и 13 јануари во 20 часот.
Диригентот е Бисера Чадловска, а режисерот на „Диско треска“- Дејан Прошев.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени