7.8 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025
spot_img

МОВЕМБЕР – време за мустаќи

Ноември е месец посветен на машкото здравје, а пуштањето мустаќи има многу подлабоко значење отколку само украс на лицето. Мовембер има за цел да ја унапреди свеста за здравјето на мажите, посебно ставајќи акцент врз ракот на простатата и други малигни заболувања кои го погодуваат посилниот пол.
Традицијата за одбележување на Мовембер настана во 2003 година во Австралија меѓу неколкумина пријатели кои на шегобиен начин сакале да пренесат многу сериозна порака – за превентива од рак на простатата. Почнале да пуштаат мустаќи и за тоа побарале донации од пријателите и роднините. Движењето најпрво имало 30 учесници, меѓутоа откако биле забележени од страна на Фондацијата за заболени од рак на простатата во Австралија, станале партнери и движењето нагло пораснало и се проширило во целиот свет.
На тој начин Мовембер стана редовно годишно случување во кое припадниците на посилниот пол на разни начини се обидуваат да го свртат вниманието на своето здравје, особено за работите кои се зборува прикриено. Ова движење е вброено меѓу 100 најдобри невладини организации во светот поради своето влијание, иновативност и одржливост.
Правилата за учество во Мовембер налагаат цел месец да пуштате брада. При крајот на месецот избричете се, но оставете ги мустаќите кои ќе ве претставуваат вас и вашиот карактер.

Фото- Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена